Статусот на денот кој содржи висока доза на иронија и апел власта да стори нешто со дупките на македонските патишта доаѓа од експертката за маркетинг и инфлуенсерка позната како Ина Многуфина.
,,Лани нашите патишта заработиле 53,2 милиони евра од патарини. Некој ќе рече на таа пара треба да се писти со циркони но пред се треба да се гледаат здравствените бенефиции од патиштата. Предлагам да развиеме автопат туризам и да привлечеме пациенти кои патат од камења во бубрези па да им даваме некои ваучери да се повозат низ патиштата и да ги растресат. Ваучер за ден, два, викенд ваучер и за поголеми камења можеме да даваме неделен ваучер со преспивање во различни места. Ќе ги рекламираме како лековити патишта 🔜 профит. Не чекајте све мене да ми текнува”, пишува Ина Многуфина во својот саркастичен пост на Фејсбук.





