Транспортната мрежа на Германија денеска ќе биде речиси парализирана бидејќи два од најголемите синдикати во земјата ќе штрајкуваат, јави Би-би-си.
Вработените на аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метрото ја прекинаа работата 24 часа нешто по полноќ.
Синдикатите бараат повисоки плати за да им помогнат на своите членови да се справат со зголемените трошоци за живот во земјата.
Двата синдикати, „Verdi“ i „EVG“ кои учествуваат во штрајкот се меѓу најголемите во Германија.
„Verdi“ претставува околу 2,5 милиони вработени во јавниот сектор, вклучително и јавниот транспорт и аеродромите.
„EVG“ претставува околу 230.000 вработени во Deutsche Bahn, , германскиот национален железнички оператор, како и други автобуски компании.
Синдикатите се надеваат дека ова ќе го зголеми притисокот врз работодавците пред следната рунда преговори за платите.
Франк Вернеке, шеф на Verdi, го опиша зголемувањето на платите како „прашање на преживување на многу илјади вработени“, според локалните медиуми. „Луѓето не само што се недоволно платени, туку и безнадежно преработени“, рече тој.
„Верди“ бара зголемување на платите за 10,5 отсто на вработените, додека другиот ЕВГ бара зголемување од 12 отсто.
Германското здружение на аеродроми соопшти дека штрајкот ќе влијае на околу 380.000 патници со авион.
Некои претставници на работодавачите предупредуваат дека синдикатите поставуваат неразумни барања кои ризикуваат да ја поделат јавноста.






