Украински дрон експлодираше во руски град

Руските медиуми објавија дека дошло до експлозија во градот Киреевск во руската област Тула и дека две лица се ранети.Украински дрон полн со експлозив експлодирал во руски град, има повредени



Дронот експлодирал и се создал кратер, јави руската агенција ТАСС, цитирана од надлежната руска служба. Според ТАСС, три лица се повредени и се здобиле со рани од шрапнели.

Руските безбедносни агенции за ТАСС изјавија дека дошло до експлозија на украински дрон Ту-141 Стриж кој бил наполнет со експлозив.

Станува збор за истиот дрон што се урна во Загреб пред нешто повеќе од една година, за кој никогаш официјално не е утврдено кој го испратил кон Хрватска, но се знае дека дошол од територијата на Украина.

Регионалниот комитет за безбедност соопшти дека како резултат на вонредниот настан во Кирејевска делумно се оштетени три станбени објекти.

Спасувачките служби работат на лице место, нема опасност за безбедноста на населението и инфраструктурата. Шефот на регионот Алексеј Дјумин бил веднаш информиран за експлозијата и ја координира работата на сите служби и понатамошните активности.

Како што подоцна известија службите за итни случаи, причина за експлозијата, според првичните податоци, е пад на дрон со муниција.