100 милијарди долари депозити се одлеа пд американските банки

Регулаторите повторно ја уверуваа јавноста дека банкарскиот систем е безбеден, откако новите податоци покажаа дека клиентите неодамна повлекле речиси 100 милијарди долари депозити јавува Би-Би-Си.



Секретарот за финансии Џенет Јелен, претседателот на Федералните резерви Џером Пауел и уште десетина официјални лица во петокот свикаа специјален состанок зад затворени врати на Советот за надзор на финансиската стабилност.

Деталите од седницата покажаа дека член на ФЕД од Њујорк ја информирал групата за „движењата на пазарот“.

„Советот разговараше за актуелните состојби во банкарскиот сектор и истакна дека иако некои институции се под стрес, банкарскиот систем на САД останува здрав и издржлив. Советот разговараше и за тековните напори на агенциите членки за следење на финансиските случувања“, се вели во соопштението.

Немаше други детали за средбата, пренесе „Си-Ен-Би-Си“.