Владата не може да добие ниту по еден лајк на час за својата пропаганда

Фантастични 6 лајка добил твитот на владиниот профил на Твитер за настан во кој учестуваат стотина луѓе.



Главен актер во оваа пропаганда е најмоќниот човек во државата Оливер Спасовски кој како министер за полиција организирал настан од типот ,,да се организира било што за сликање”.

Дури и тие што се присутни на настанот не ставиле допаѓање со што излегува дека целата влада со екипата на Спасовски за својата објава добиле 6 лајка за 9 часа или 0,66 лајкови на час.

Предходно беше објавено дека само премиерот Ковачевски за сто дена платил фантастични 26 илјади евра за своите пропагандни активности на социјалните мрежи.