„Министерот за надворешни работи Бујар Османи најдобро да престане да дава изјави на тема: Бугарија и ЕУ. Знаеме дека „Македонија има преземено обврски кои мора да ги исполни за членство во ЕУ“, благодарејќи на тоа дека и тој учествуваше во креацијата на фамозниот француски предлог. Ама, нека не нè прави несгалам кога ни вика дека „овојпат тоа зависи само од нас“, пишува новинарот Горан Михајхловски во редовната колумна „Сакам Да Кажам“.
„Тие европски приказни нека ги раскажува на сопартијците во Чаир. Па уште, за да ѝ ласка на Аналена (Бербок), изјави и дека „Германија на секој обид да се билатерализира процесот, прва реагира дека тоа не е добро за процесот.
Фала ѝ на Германија што ја поддржува Македонија. И поранешната канцеларка Ангела Меркел пред референдумот за името дојде во Скопје и зборуваше слично како сега што зборуваат Олаф Шолц и Аналена Бербок, ама дури и додека беше претседавач на Европската унија не успеа да го спречи бугарското вето.
Берлин не зборува од името на Софија. Бугарите ставија орелски нокти за билатералното непризнавање на македонската самобитност да добие европски легитимитет, а Бујар ни вика „од нас зависи, не бил билатерилизиран проблемот“. Демек, немаме ние проблем со Бугарија, со ЕУ си имаме проблем“.
(…)
„Од сите добри причини што можеше да ги наброи Аналена Бербок зошто мора да се направат уставни измени што поскоро, таа ја најде најнесоодветната.
Рече: „уставните промени треба да ги направите ако не сакате младите да си заминат“.
Божем, младите си заминуваат од Македонија оти ги нема Бугарите во Преамбулата“-пишува Михајловски.







