Единствената конгресменка во САД што се бори за правата на македонците во Бугарија доби награда

Клаудија Тени е единствената конгресменка на САД што јавно говори за дискриминацијата на Македонците во Бугарија.



Покрај јавната благодарност од Македонците во САД и светот што се залага за македонските човекови права таа сега е добитник на „Наградата за пријателство со Македонија“ која и е врачена за време на конференција за зајакнување на позицијата на жените на Обединетата македонска дијаспора во САД.

,,Посветена сум на работа со македонската американска заедница за зајакнување на американско-македонското партнерство и обезбедување еднакви човекови права за сите Македонци”, изјави Тени по добивањето на наградата.