Неколку стотици граѓани денеска протестираа на главниот плоштад во Приштина „Захир Пајазит“, против премиерот на Косово Албин Курти и Охридскиот договор.
Барајќи оставка од Курти, демонстрантите ги тргнаа знамињата на Косово од јарболот на влезот на зградата на Владата, а наместо тоа закачија бели знамиња.
Со ова сакаа да покажат дека Курти ги измамил и всушниост се предал при постигнувањето договор во Охрид на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Претставниците на Социјалдемократската партија, кои го организираа протестот, го обвинуваат премиерот Албин Курти дека драстично го променил односот кон можното формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО) и побараа предвремени избори.
Тие порачаа дека можноста за формирање на такво здружение е штетна за Косово и дека премиерот Курти се предал кога го прифатил основање на ЗСО.
Беа активирани и неколку димни бомби, кои за кратко време со густ црн чад го покриле влезот на зградата на Владата.







