По децениски реакции на официјален Париз за насилниот начин на кој режимот во Иран се пресметува со своите критичари дојде време официјален Техеран да ја ,,трола” односно да ја кара Франција за начинот на кој ги спречува протестите во оваа земја.
,,Силно го осудуваме задушувањето на мирните протести од страна на францускиот народ.
Ја повикуваме француската влада да ги почитува човековите права и да избегнува употреба на сила против својот народ кој ги исполнува нивните барања на мирен начин”, се вели во официјалната реакција на иранското Министерство за надворешни работи за протестите кои ја тресат Франција а се поврзани со социјални прашања.






