Повеќе од 5.000 поранешни криминалци се помилувани откако ги отслужиле договорите со руската платеничка група „Вагнер“ која се бори против Украина, соопшти денеска основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Групата „Вагнер“, првично составена од борбени ветерани на руските вооружени сили, презеде многу позначајна улога во војната во Украина, откако руската војска претрпе серија понижувачки порази минатата година, пишува Ројтерс.
Пригожин регрутираше илјадници затвореници, нудејќи им шанса за слобода во замена за служење во некои од најопасните битки во Украина.
„Во моментов, повеќе од 5.000 луѓе се ослободени со амнестија по завршувањето на нивните договори со Вагнер“, рече Пригожин, близок соработник на претседателот Владимир Путин, во аудио снимка објавена на апликацијата Телеграм.
Пригожин, е најмоќниот од групата сојузници на Путин кои раководат со приватни војски регрутирани од врвни воени офицери, поранешни шпиони и осуденици.






