На барањето на Кристијано Роналдо фудбалерите на Барселона на 23 декември да направат „шпалир“ и на тој начин да ги поздрават новите светски шампиони, експресен одговор стигна од Камп Ноу, според кој, Каталонците одбиваат да ја прославуваат планетарната клупска титула на најголемиот ривал. „Кралевите“ вчера го победија Гремио (1-0) во Абу Даби и дојдоа до пехарот од Купот на сите континентални шампиони, по што следниот натпревар им е „Ел Класико“ во Барселона. Во последните година стана обичај победниците на значајните спортски натпреварувања од првиот следен противник да бидат дочекувани со свеченост, аплаузи и „шпалир“ од играчи, но Меси, Суарез и останатите од Каталонија, сега веќе извесно, нема да ги поздрават гостите од Мадрид на тој начин иако такви настани имаше во минатото.