Реформаторите без кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

„Начинот на кој се свика и брзината со кој се организира овој вонреден Конгрес, за жал може да биде причина за негово повторување во блиска иднина“, се вели во денешното соопштение од внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.



Реформаторите инсистираат на исполнување на принципите и вредностите наведени во Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и во Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“, а потоа да се расправа за личности и за лидер на партијата.

„Од тие причини – стои во соопштението – нема да предложиме кандидат за претседател на овој Конгрес“.

Тие ги повикаа своите „приврзаници“ – 208 делегати кои ја подржале иницијативата, по слободна волја да одлучат дали ќе учествуваат на Конгресот што ќе се одржи на 23 декември во Валандово и дали ќе гласаат или не за некој од предложените кандидати за идел лидер на ВМРО-ДПМНЕ.