Стоиљковиќ: Притисокот за Бугарите во Устав е како вишна врз шлагот на тортата, а под шлагот е поставена мина

Притисокот врз Македонија за ставање на Бугарите во Уставот е како „вишна врз шлагот на тортата а под шлагот е ставена мина и ние треба полесно да ја проголтаме“, вели претседателот на Демократската партија на Србите и пратеник во Собранието, Иван Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“.



Според него не се работи само за ставање на Бугарите во Устав, туку и за документите кои станаа дел од преговарачката рамка.

– Ако ги избришеме сите делови на преговарачката рамка утре може да ги ставиме Бугарите во Уставот, нема никаков проблем, рече тој.

Тој објаснува оти е јасно дека уставни измени нема да има и оти на следната влада останува да ја поправи штетата што ја направија СДСМ и ДУИ.

Настаните во Охрид покажаа дека таа преговарачка рамка не е света крава и дека може да има измени. И во нашиот случај суштината е иста. Ако успееме да спасиме 10-15 проценти од работите кои овие ги замачкаа, на коњ сме и како држава и како ѓраѓани. Затоа борбата не треба да престане, напротив треба да продолжи за да се издејстуваат какви било промени – убеден е Стоиљковиќ.