Лажни фотографии кои прикажуваат наводно апсење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, иако таков инцидент не се случил, ги преплавија социјалните мрежи.



Деновиве се појави и лажна фотографија на која се гледа како рускиот претседател клечи на средбата со кинескиот колега:

Путин клечи пред Си: Фотомонтажа како лажна вест

Лажните фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а на нив се гледа како поранешниот американски претседател се бори со полицајци и бега од нив, пренесува Тајмс.

Елиот Хигинс, основачот на истражувачката група Белингкет, ги објави на Твитер оригиналните лажни фотографии, кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.

Трамп неделава се соочува со можно обвинение за фалсификување деловни записи во врска со наводни исплати на пари на поранешната порно глумица Сторми Дениелс за време на неговата кампања во 2016 година.