Мистериозна сила повторно ги повлече специјалците кои се подготвуваа за уривање на дивоградби на ,,Пластичарска”.
Откако цел ден минале во планирање за обезбедување на објектите кои треба да се урнат од страна на општина Центар полициските специјалци вечерва добиле наредба според која нема да се обезбедува уривање на два огромни дивоградби во центарот на Скопје.
Како и минатиот пат наредбата доаѓа од ,,мистериозна сила” која е помоќна од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски без чија наредба не може ниту да се употребат ниту да се повлечат специјалците.
Предходно според наредбата од МВР меѓу 2 и 4 часот наутро можеше да биде напнато во срцето на главниот град
Деталите во овој текст
Стотина македонски специјалци вечерва во деликатна акција во центарот на Скопје





