Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска изјави дека Унгарија не би го уапсила рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, појаснувајќи дека за тоа нема правна основа.
Блинкен: Земјите членки на МКС се должни да го уапсат Путин
Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС), но на прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гергели Гуљас рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем.
„Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на тоа не можеме да го уапсиме рускиот претседател (…) бидејќи статутот на МКС не стапил на сила во Унгарија“, рече Гуљас.
МКС во петокот издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.
Но, Гуљас рече дека владата не зазела став за налогот за апсење на рускиот претрседател
„Ваквите одлуки не се најсреќни бидејќи придонесуваат за понатамошна ескалација на конфликтот, а не за мир. Тоа е мое мислење“, додаде Гуљас.







