Според она што го дознава Алсат, Пријавата за постоењето тунел во дворот на КПД „Идризово“ дошла на 17 февруари, дознава Апсат.



На просторот каде што постоело сомневање дека се наоѓа почетната точка на тунелот, имало стари објекти кои требало да се урнат, па директорот на затворот Шпенд Таири распишал тендер за нивно уривање.

ПретходноТаири бил во контакт со Управата за извршување санкции, полицијата и разузнавачките служби за оперативно да ја потврдат локацијата на тунелот.

Тендерската постапка траела од 1 до 16 март годинава. На 17 март била договорена фирмата што ќе ги изведува работите, а на 21 март тунелот веќе беше откриен.

Тунелот бил долг 47 метри, длабок 1 метар и дијаметар од 80 сантиметри, обложен со керамички тули. Покрај тунелот е пронајден електричен кабел. На почетокот на тунелот, пронајден е продолжен кабел.

Директорот на затворот Таири ги надгледувал работите до крајот на работното време до денот кога Владата одлучи да го разреши од функцијата.

Алтернатива, партијата на кој ѝ припаѓа Таири реагираше на ставот на премиерот Димитар Ковачавски и сметаат дека директорот на затворот бил всушност главниот херој на откривањето на тунелот.

Според полицијата, лицата кои се осомничени дека го копале преминот се осудени за тешки кривични дела од 10 години до доживотен затвор.