Дури 169 лица од Македонија ќе гласаат за бугарските избори во април

За гласање на парламентраните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, се пријавиле 169 лица од Македонија, објави бугарското Министерство за надворешни работи.



Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет.

Според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, како Бугари се изјаснија 3.504 лица. 

Споредф Бугарската Централна изборна комисија се очекува во странство да гласаат 47.389 лица кои своето правои ќе го остварат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство.

Најголем број пријавени има во Турција – 28.286, во Велика Британија – 3.343, во Германија 3.289 и во Шпанија 1.602.