Макрон подготвен и да го мразат, важно да се оди во пензија на 64 години во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон застана зад својата контроверзна пензиска реформа во својот прв јавен настап откако ја протурка мерката без одобрение од пратениците. Тој рече дека овој потег, кој ги продлабочи тековните немири во земјата, бил премногу долго одложуван од неговите претходници.



Макрон беше категоричен во врска со одлуката за зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години за време на телевизиското интервју во средата, инсистирајќи дека единствената грешка што ја направил е „неуспехот да ги убеди луѓето“ за придобивките.

„Кога почнав да работам, имаше десет милиони пензионери, денес има 17 милиони, а до 2030 година ќе има 20 милиони“, рече тој. „Навистина ли мислите дека можеме да продолжиме со истите правила?“

Претседателот ги критикуваше своите претходници, велејќи дека „може да ја исчисти прашината под тепихот како и многумина досега“, но наместо тоа, одлучил да го земе жешкиот костен за одамна задоцнетите промени.

„Дали мислите дека уживам да ја правам оваа реформа? Не“, рече Макрон. „Но, нема сто начини за балансирање на сметките… Оваа реформа не е луксуз или задоволство, таа е неопходност за земјата“.

„Ако морам да ја поднесам непопуларноста денес, ќе ја поднесам“.

Макрон, исто така, ги отфрли обвинувањата на неговите противници дека е „недемократско“ протуркањето на законодавството без целосно одобрение од парламентот, повикувајќи се на член 49.3 од Уставот на Франција.

Наместо тоа, тој ги обвини демонстрантите дека се недемократски, осудувајќи ги насилните немири што ја зафатија земјата. Сепак, тој почит кон „синдикатите кои ја бранат нивната гледна точка“.

„Кога групите, како и оваа недела, користат насилство без никакви правила поради тоа што не се задоволни со нешто, тогаш тоа веќе не е демократија“, рече Макрон.

Покрај масовните штрајкови и широките протести, легислативата, исто така, поттикна повеќе барања за недоверба на владата во Националното собрание, во кое доминира центристичката алијанса на Макрон. Кабинетот успеа да ги преживее сите, при што најтесното гласање беше помалку од девет гласа за соборување на Владата.

Контроверзниот закон за пензиските реформи сега чека на разгледување од Уставниот совет пред да биде потпишан. Иако Советот може да отфрли одредени членови во рамките на нацрт-законот ако ги смета за неуставни, тој ретко ја користи оваа моќ.