Во фокус на Алфа: Бугарската пропаганда „цвета“ во Македонија

Македонските револуционери Дамјан Груев, Гоце Делчев, Питу Гули се Бугари: бугарската национална телевизија, БНТ 4, скоро две години е во македонскиот етер и емитува содржина во која видни македонски дејци се побугаруваат.



Освен тоа на БНТ4 може да се забележат и обиди за преиначување на македонската историја, па се до препевање на македонските песни и прекрстување на македонските градови и нивно претставување како бугарски.

Дел од содржините одат дотаму што буквално се негира и постоењето на посебен македонски народ и посебен македонски јазик.

Со еден збор „бугарска пропаганда“ е пуштена на најјако во македонскиот етер, а ниту ниту една институција не реагира – анализира Алфа.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми уште лани се правдаа дека немаат никаква надлежност да ја контролираат содржината на странски канали.

Од Министерството за надворешни работи, пак, не го ни коменитаат случајот. Алфа не добива одговор на прашањата зошто нема никаква реакција.

Целата анализа на Алфа на следниот линк: