Изградба на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д ќе започне на 4 април со свечено одбележување на настанот.
„Камен темелникот е на 4 април. Ќе биде спектакуларно.Тоа ќе биде државна манифестација, ќе има гости и од регионот. Ќе биде огромен настан“, најави синоќа во Топ Тема на Телма првиот вицепремиер Артан Груби
Американско-турскиот оператор ќе ги гради автопатите за 1,3 милијарди евра, а експропријацијата е пресметано дека ќе чини дополнителни 300 милиони евра. Консултантот ЕРД Инженеринг е ангажиран посебно за 22 милиони евра.






