Анкета: Дури 54% Амертиканци сметаат дека на Трамп му прават политичка местенка

Околу половина од Американците веруваат дека



Кривичната истрага против Доналд Трамп која би можела да го стави во апс поранешниот американскји претседател е политички мотивирана, сметаат 54 % Американци

Дводневната анкета на Ипсос за Ројтерс, покажа дека 80 проценти од републиканците на Трамп и 32 проценти од демократите веруваат дека политиката стои зад случајот што треба да го сослуша големата порота на Менхетен.

Анкетата се случува во време кога Трамп бара од Републиканската партија повторно да го номинира за Белата куќа во 2024 година. Ниту еден американски претседател досега не се соочил со кривични обвиненија на суд.

Трамп се товари дека Трамп ѝ платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс за време на неговата претседателска кампања во 2016 година за да молчи за нивниот наводен сексуален контакт десетина години претходно…

Трамп, кој се соочува со потенцијално тешка конкуренција во неговата трета кандидатура за републиканска номинација, негираше дека некогаш имал афера со Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд.