Во сообраќајка кај месноста „Бели мост“ загина 25 годишна жена од с. Белче, откако возило со демирхисарски регистарски таблички излетало од патот.
Станува збор за 25-годишна жена, сопруга на 33 годишниот возач на возилчото, а во автомобилот било и нејзиното малолетно дете кое во несреќата се здобило со тешки телесни повреди и веднаш е хоспитализирано во Клиничката болница во Битола соопштуваат од МВР.
Првичните информации од истрагата говорат дека најверојатно причина за страотната несреќа е неприлагодената брзина на возилото на условите на патот.
Битолската полиција извршила увид на местото, а поради сообраќајната несреќа, неколку часа беше во прекин сообраќајот на патот Битола-Демир Хисар.






