Парична награда за информација околу исчезнувањето на внукот на Љубе Бошкоски

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, инаку внук на Љубе Бошковски, за кого веќе 20-тина дена нема информација каде се наоѓа, нуди парична награда за негово пронаоѓање, објави А1он.



Љупчо Костадиновски за прталот вели дека нудат и парична награда за информација во врска со исчезнувањето на неговиот син. 

„Молк од сите страни, а него се уште го нема. Не изгубив точак, изгубив дете и се што барам е информација што се случило и каде е мојот син“, вели тој.Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски.

Полицијата уапси две лица во врска со грабнувањето.