Министерка: Поради мали плати, не сакаат да работат ни во јавниот сектор

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевскиа вели дека Јавниот сектор веќе не е атрактивен за вработување и открива дека секојдневно има одлив на кадар од јавниот во приватниот сектор.



ДЗС: Просечната јануарска достигна 33.943 денари

Тренчевска вели дека е алармантно тоа што добрите работници го напуштаат јавниот сектор, со што се создаваат големи проблеми во неговото функционирање.

„Масовно си одат добрите работници од јавен во приватен сектор. Секојдневно си заминуваат и од Министерството за труд и социјална политика. Ние имаме една пријатна комуникација, нема мобинг, така што работниците си заминуваат за поголеми плати. Секаде во светот во јавниот сектор се пониски платите отколку во приватниот, и тоа така треба да биде – рече Тренчевска во гостувањето воп „Утрински печат“.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски во разговор за „Утрински печат“ открива во што е проблемот:

Според него, најголем дел од вработените имаат основана плата околу минималната, а постои и огромно генерализирање дека сите во јавниот сектор не работат, што не е точно.