Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит реагира за упорното „верглање“ на тезата дека со впишувањето и на Бугарите во Уставот ќе се одвоеле Македонците од нив, која ја промовира и вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.



„’Единствено што ни преостанува од големите компромиси се уставните измени, со што всушност македонскиот народ добива најмногу, конечно се одделува од бугарскиот народ“ – нагласи Груби.

А сега, бидејќи ги нема во Уставот, не сме одделени? Ист народ сме?

Упорни се со оваа тупа теза, еј, упорни! Па, и Норвежаните ги нема во Уставот, треба ли да ги ставиме за да се одвоиме и од нив?“, прашува на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.