Од еден до два денари ќе поевтинат јајцата од кокошка, се пофалија од Владата на уште една во низата прес-конференции посветени на прозводите кои одат под мраз. Ковачевски вели дека најскапото јајце од утре ќе се продава по цена од 9,8 денари.

За некој денар поевтинува и оризот, во зависност од компанијата која го пакува. Зошто наеднаш не се замрзнат цените на сите прозводи кои се на листата на владата и зошто има потреба секој ден да се прави пи ар со прес конфернции на кои ќе се брои производ по производ , Ковачевски вели дека тоа било за добро на граѓаните.
Премиерот додаде и дека трговците мора првин да набават јајца за граѓаните дома, а потоа за извоз. Во Владата се разговарало и за евентуално за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, а анализите што ги направило Министерството за земјоделство треба да се достават до економија и до Кабинетот на премиерот, по што пак ќе правеле анализи.
Од Владата смируваат дека земјава нема да остане без јајца во пресрет на велигденските празници, зашто внимателно се следела состојбата на пазарот. И додека стопанството критикува дека вештачки се замрзнуваат цените, од Владата следно ќе ги анализирале и месните производи, по што и за нив ќе се одлучува за колку да има намалување.





