Душко Арсовски веќе не е портпарол на Влада

Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција.



Тој се заблагодари на Арсовски за две и пол годишниот ангажман во Владата и му посака успех во натамошната професионална кариера.

Заминувањето од порпаролското место било на негово барање.

Душко Арсовски е новинар со повеќе од 20 годишно искуство. Од 2012 бил уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник на Информативната програма.

Претходно работеше како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на Би-Би-Си на македонски во Скопје.

Во својата кариера, тој две години беше уредник/водител на вестите на ТВ Алфа како дел од тимот којшто ја основаше телевизијата во 2008.

Кариерата ја започна во Македонското радио, во програмата за деца, во 1998. Подоцна работеше во скопската телевизија Скај Нет, од каде во 2003-та премина во Македонската Телевизија каде работеше како новинар за надворешна политика, а подоцна и уредник на Дневникот.