Макфакс: Копале тунел за бегство од „Идризово“

Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство, а тоа за „Макфакс“ го потврди Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции.



Според него, акцијата за откривање е спроведена од нивна страна во координација со повеќе институции.

Според информации на „Макфакс“, почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а водел до надвор од затворот.

Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затовреници со високи казни, а меѓу нив има и такви осудени на доживотен затвор.