Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вчера побара ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени меѓу редови заканувајќи се дека ако опозицијата не ја слуша власта ќе треба трпи притисок од странски дипломати.
Свесен дека СДСМ нема моќ да најде доволен број пратеници за уставни измени Маричиќ во обид да ги заплаши Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најави дека до крајот на 2023 многу официјални лица од ЕУ и пошироко ќе ја посетат Македонија за да им пренесат на политичарите во земјава зошто треба да се смени уставот.
„Очекувам до крајот на годината многу официјални лица од ЕУ, државите членки и пошироко да доаѓаат и да разговараат со наши политичари, пратеници, лидери на партии и да ја пренесат пораката дека ако оваа година ја пропуштиме, Бугарија нема да ја пропушти шансата за да потенцира дека ние не сме сакале и не сме можеле да ги исполниме обврските“, рече Маричиќ.
Во реалноста Маричиќ со изјавата призна дека власта се ,,крсти” во помош од странците да се исполни ветувањето за смена на уставот кое го даде СДСМ.
Дополнително Маричиќ во дипломатски ракавици упати скриена закана за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека нивниот став ќе биде предмет на притисок од булдожер дипломати.
Маричиќ предходно јавно призна дека барал помош од дипломати да им објаснат на опозицијата и јавноста зошто треба да се смени уставот.
Фото: Влада на РМ





