Радев: Без редовна влада не даваме авиони, ракетни системи и тенкови за Украина

Сè додека имаме преодна влада, Бугарија нема да ѝ достави на Украина со борбени авиони, противвоздушни ракетни комплекси, ниту тенкови и оклопни транспортери, изјави претседателот Румен Радев, јави БГНЕС.



Бугарија не поддржува и не е дел од генералната нарачка за испорака на гранати на Украина. Бугарија ќе ги поддржи европските дипломатски напори за обновување на Украина.

Радев нагласи дека е редно бугарските граѓани да го знаат ставот на партиите, кои по изборите во име на Бугарија ќе одлучуваат дали ќе бидат дел од напорите за враќање на мирот или продолжување на војната во Украина.