Банката на Силиконската долина (SVP) пропадна минатиот петок, и тоа е едно од најголемите банкротства во историјата на САД, повлекувајќи ги со себе берзите и стоките како нафтата.
Но, 24 часа пред тоа да се случи, извршниот директор на банката Грег Бекер лично им кажал на штедачите и инвеститорите дека нивните пари во банката се безбедни.
Две недели претходно тој ги продал своите акции цво банката.
Бекер уште во јануари испратил оптимистички пораки до инвеститорите и клиентите, посочувајќи дека економските изгледи се подобруваат по полошата 2022 година.
Според аналитичарите тогаш веќе можел да се предвиди колапс.
Премногу е случајно што Бекер поднесе план на крајот на јануари што му овозможило да ги продаде своите акции во SVB.
Како што пишува Ројтерс, првиот човек на пропаднатата SVB работел во оваа компанија три децении, а кариерата ја започнал како службеник за кредити.
Во екот на финансиската криза, тој стана директор на банката, а три години подоцна и главен извршен директор.







