Џинпинг го покани Путин во државна посета на Кина

Кинескиот претседател го покани рускиот колега во државна посета на Кина.



„Вчера го поканив претседателот Путин да ја посети Кина во погодно време оваа година, бидејќи Кина ќе биде домаќин на третиот меѓународен форум во рамките на Иницијативата „Појас и пат“, соопшти Си Џинпинг.

Претседателот Путин учествуваше на претходните два форума.

Дали путин ќе се плаши да патува во странство

Дали тоа ќе се оствари со оглед на налогот за апсење на Владимир Путин од страна на Хашкиот трибунал

– тешко е да се каже.

Си Џинпинг денеска се сретна и со рускиот премиер Михаил Мишустин, по вчерашната неформална средба со Путин, која траеше над четири и пол часа.

Тој упати и покана до Мишустин да воспостави поблиски врски меѓу двете земји, позитивно говорејќи за иницијативата за обновување на механизмот на редовни средби меѓу шефовите на владите на двете земји.

Иницијативата „Појас и пат“ е концепт предложен во 2013 година од Си Џинпинг и неговата клучна иницијатива за обновување на стариот пат на свилата за да се поврзе Кина со Азија, Европа и други региони.

Западот, особено Вашингтон, го гледа тоа како обид на Кина да го прошири своето влијание во странство и да ги оптоварува земјите со долгови преку непроѕирни проекти.