Во Амазон ќе бидат затворени 27.000 работни места. Откако компанијата подели 18.000 откази од ноември до јануари, сега уште 9.000 луѓе останат без работа.
Информацијата ја сподели извршниот директор на компанијата Енди Џеси во порака до вработените.
Раководството на Амазон ја донесе оваа одлука за да ги намали трошоците. Енди Џеси во изјава во име на компанијата рече дека ги зеле предвид финансиите, како и „неизвесноста што постои во блиска иднина“.
Компанијата штотуку ја заврши втората фаза од својот годишен процес на планирање на буџетот, внатрешно наречен „OP2“.
„Главниот принцип на нашето планирање оваа година е да го направиме тоа на начин што ни овозможува да продолжиме да инвестираме многу во долгорочна лојалност на клиентите, што веруваме дека може значително да го подобри квалитетот на животот на нашите потрошувачи“, посочи тој.
Извор: Фактор





