
Македонија мора да биде стабилна, а тоа не може да биде со Ковачевски, Груби, Ахмети и таквите, вели Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, во Студио 10 на ТВ 24.
Хајредини вели дека не може евродипломатот Гир да ни кажува секој ден дека имаме корупција, божем ние не знаеме, а во исто време разговара со истите тие кои се носители на корупцијата.
Прво треба да се види судбината на Груби. Ако ситуацијата со Али Ахмети остане статус кво, откако Груби му ги избрка сите функционери од позиција, ништо нема да се промени, вели Хајредини и додава дека ако „огнените“ одат сами на избори ќе победат оти Груби и Османи не можат да освојат ниту еден глас.
-Груби ја пласираше лагата за прв премиер Албанец, оти тој ќе биде премиер 100 дена пред избори и секако не може да направи ништо за Албанците, вели Хајредини.
Според него самиот Али Ахмети во Албанија на телевизија се жалел дека има над 100.000 негови прислушувани разговори и 17.000 обработени.
– Сите тие се кај Артан Груби и му даваат огромна моќ, вели Хајредини.
-Артан Груби има 10 илјади луѓе на платен список и нема да му биде никаков проблем да собере колку луѓе сака на вечерашниот собир во Чаир, вели Хајредини.





