Успех на ДУИ на вечерашната трибина на партијата во Чаир посака премиерот Димитар Ковачевски запрашан за тоа како го коментира собирот.
„Али доаѓа“: Груби најави спектакл во Чаир
„Тоа се нормални активности на секоја политичка партија, како што во последниот квартал во 2022 година ги направи и нашата партија СДСМ кога имавме 70 трибини и кои завршија со големата трибина со над 11 илјади члена и симпатизери во СЦ ‘Борис Трајковски’“, рече Ковачевски.






