Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов во статус на социјалните мрежи соопштува дека првите 4 тужби против Центарот за македонски јазик во Грција се отфрлени. Истовремено, македонскиот активист од Канада ги повикува сите Македонци да се придружат на одбраната на мајчиниот македонски јазик.
Горд сум што го поддржувам Центарот за македонски јазик во Егејска #Македонија и неговата одбрана пред суд од тие што сакаат да го уништат. Успеавме! Првите 4 тужби против центарот се отфрлени.




