Ова го покажува новиот Извештај за среќата во светот на Институтот Галуп Македонија на кој земјава се наоѓа на 87-мото место од 137 земји во светот според тоа кооллку се (не)среќни нејзините граѓани.



Македонија е во друштво со Венецуела, Конго, Украина која е на 92. место.

Од нашите балкански соседи пак најблиску ни е Албанија на 83-то место, Бугарија на 77-мо, Босна и Херцеговина на 71-во место, Грција на 58-мо, Србија на 45-тото, а Косово на 34-тата позиција.

При изготвувањето на анкетите земени се предвид шест фактори, меѓу кои Слободата да се прават животни избори, Изгледите да се има здрав живот, Дарежливоста на луѓето, Перцепцијата за корупцијата која ја имаат луѓето, Социјалната поддршка која државата ја обезбедува, Бруто домашниот производ и факторот наречен Дистопија и издржливост.

Во посебни табели дадени се и Оценка за просечниот живот во земјата и Рангот на довербата.

Најсреќни земји во светот остануваат Финска и Данска и други балтички држави или држави во северна Европа. Меѓу нив, на четвртата позиција се појавува и Израел.

Најнесреќни се Авганистан и Либан, земји кои беа разурнати од војни.