На денот кога група граѓани одржуваат протест против аерозагадувањето и бараат владата да преземе итни мерки против екстремно високото ниво на штетни материи во воздухот, порталот емагазин објавува видео од актуелниот заменик министер за екологија Јани Макрадули.
Во видеото Макрадули изнесува обвинувања за тогашната власт кои што сега важат за него како најодговорен за аерозагадувањето. Од собраниската говорница во ноември 2013 година Макрадули побара владата итно да расправа за аерозагадувањето.
Макрадули и неговото министерство денеска го нема со никакви реакциин ниту од собранието бара итна расправа за проблемот кој ги тишти сите граѓани.





