Марјан „Доказ“ префрлен на кардиологија, па пак вратен во „Шуто Оризари“

Сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби.



Нему веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето.

Но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот, дознава Канал 5.

Судскиот процес против Стаменковски е во тек, а истовремено обвинителството отвори уште една постапка во која испитува и можно сторување на нови кривични дела.