Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе започне процес на ратификација на кандидатурата на Финска за членство во НАТО во парламентот, бидејќи, како што рече, скандинавската земја презела конкретни чекори за исполнување на своите ветувања.
На прес-конференција со својот фински колега, Ердоган рече дека Турција ќе ги продолжи разговорите со Шведска за прашања поврзани со тероризмот и дека кандидатурата на Шведска за членство во НАТО директно ќе зависи од преземените мерки, пренесе Ројтерс.
Истовремено, деновиве беше најавено дека и унгарскиот парламент треба да гласа за ратификација на влезот на Финска во НАТО на 27 март, а пратеничката група на владејачката партија Фидес едногласно ќе го поддржи.
Генералсниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Будимпешта и ја поздрави одлуката и на Турција да продолжи со процесот за ратификација на членството на Финска во НАТО.
„Тоа ќе ја зајакне безбедноста на Финска, ќе ја зајакне безбедноста на Шведска и НАТО“, рече Столтенберг.







