Американскиот претседател смета дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на рускиот лидер Владимир Путин е оправдана.



Сепак, Џо Бајден потсети дека САД и неколку други земји не го признаваат авторитетот на Судот во Хаг.

„Мислам дека тоа е оправдано, но прашање е што тој не е меѓународно признат и од нас“, изјави 80.-годишниот Бајден пред новинарите од Белата куќа.

На прашањето дали мисли дека на Путин треба да му се суди за воени злосторства поврзани со војната во Украина, претседателот не одговори директно, но рече дека е јасно дека рускиот лидер навистина извршил воени злосторства.

„Тој очигледно извршил воени злосторства“, им рече Бајден на новинарите.

Хаг вчера издаде налог за апсење на Путин под сомнение за нелегално киднапирање и депортација на деца и нелегално пренесување деца од Украина во Русија, во првата наредба на МНС поврзана со војната на Кремљ во Украина.

„Постојат разумни основи да се верува дека Путин сноси индивидуална кривична одговорност за гореспоменатите злосторства“, рече судот со седиште во Холандија.