Захарова: Одлуките на Судот во Хаг немаат никакво значење за Русија

Руското Министерством за надворешни работи се огласи по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.



Издаден налог за апсење на Путин

„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакво значење за нашата земја, ниту од правен аспект“ изјави порпаролкатга на руското МНР, Марија Захарова.

„Русија не е страна на Римскиот статут и нема никакви обврски според него“, додаде таа.

Кремљ сè уште не одговорил на барањата за коментар.

Русија го потпиша Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд во 2000 година, но никогаш не го ратификуваше за да стане членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во 2016 година го повлече својот потпис на Римскиот статут, во време кога беше под притисок поради заземањето на Крим две години претходно, како и нападите во Сирија.