.
Ваква закана упати украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за Би-Би-Си.
Тој рече дека изборите што ги направила секоја земја по целосната инвазија на Русија „ќе бидат земени предвид при градењето на идните односи“.
Иако Украина доби воена и економска поддршка од западните сили по руската инвазија, многу земји во Африка, Азија и Јужна Америка останаа на страна.
Некои од нив се историски симпатизери на Русија, други се загрижени за економската цена на војната, а трети веруваат дека Западот непотребно ги одолговлекувал борбите.
Сепак, Кулеба јасно стави до знаење дека земјите кои сега не ја поддржуваат Украина и, според неговите зборови, „лошо се однесувале во текот на оваа војна и лошо се однесувале кон Украина“, ќе ја платат цената во иднина.
„Ако некој во светот мисли дека начинот на кој една или друга земја се однесуваше – или ne се однесуваше кон Украина во најтемниот момент во нејзината историја – нема да биде земен предвид при градењето на идните односи, тие луѓе едноставно не разбираат како функционира дипломатијата, “ – истакна Кулеба.
„Војната е време кога треба да се направи избор. И секој избор е запишан“, нагласи тој.







