Професорката Мирјана Најчевска разочарана од севкупната ситуација во земјата и потсетува каде треба да се бара вината за тоа:
„Не знам како да ви кажам, ама за состојбата во државата се критикува власта, а не опозицијата“, вели Најчевска.
„Актуелните властодржци на изборите тврдеа дека ќе направат промени за време на еден мандат.
После 6 години нема промени.
Нема промени во борбата со корупцијата, во враќање на украденото, во администрацијата, судството …
Како беше она: ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОДОБРО!
Почист воздух, подобро здравство, подобро образование, подобра заштита, подобар стандард, посигурен живот, …
И, она: НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР.
И, тврдењето: ИМА ПАРИ ЗА СЕ САМО АКО НЕ СЕ КРАДЕ.
Јас се уште тврдам дека заслужуваме подобро“, пишува Најчевска.






