Индиец загина во обид да направи селфи со слонови

Индиец се обидел да направи селфи со диви слонови, при што настрада. 27-годишен човек загина додека се обидувал да направи селфи со слон. Видел два  слона и сакал да се фотографира со нив. Додека се обидувал да се фотографира, еден од слоновите го згазил. Младиот човек починал на лице место. Мештаните веднаш ги информирале локалните власти кои потоа ги избркале животните, пишува Тајмс оф Индија. 



И претходно имало слични случаи. Истражувачите од индиската универзитетска клиника објавија извештај во кој пишува дека од октомври 2011 до ноември 2017 година во светот починале 259 луѓе поради обиди да направат селфи, а половина од нив се случиле во Индија.