
Демократската партија на Србите во Македонија чиј лидер е Иван Стоиљковиќ денеска го одбележа својот 31 роденден.
„На 16 март 1992 година, Демократската партија на Србите во Македонија го започна својот живот како една од првите регистрирани политички партии. Им благодариме на сите што ја изградија во различни временски периоди, за да ја направат она што е денес – Националната установа на српскиот народ во Македонија. Среќен роденден!, напиша Мирослав Тричковиќ на Фејсбук.





