Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ пред неколку дена починал наводно како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле.



Некои медиуми непроверено споделиле статус на универзитетската професорка Виолета Ачковска дека починал од подметната дрога.

Вчера од МВР информираа дека смртта на 18-годишникот настапила како последица од пад од висина.

Професорката Ачкоска била повикана во полициска станица на службен разговор поради објавениот статус, објави Фокус.

„Денеска (16.03.2023) во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има.

В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот.

Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности“ информираат од Министерството за внатрешни работи.