Во друштво со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, премиерот Димитар Ковачевски пазаруваше во супермаркетот „Рамстор“ во населбата Капиштец, пренесува Фокус.
Премиерот Ковачевски испазари млеко, леб, макарони. Откако со Бектеши ги разгледа цените, тој купи две пакетчиња макарони, сирење и урда. За целата сметка плати 328 денари.
„Намалени се цените“, констатирал Ковачевски по пазарењето.






