Франција е обвинета за одложување на пакетот на Европската унија од 2 милијарди евра за купување оружје за Украина, пишува Ројтерс, повикувајќи се на Телеграф.



Причината е што земјата бара муницијата да се произведува на територијата на ЕУ.

„Париз сакаше гаранции дека заедничкиот договор за снабдување со оружје ќе биде од корист само за фирмите со седиште во ЕУ“, пишува весникот, цитирајќи европски извори.

Претходно овој месец, Киев побара од земјите на ЕУ да го зголемат снабдувањето со муниција до 250.000 артилериски гранати месечно.